Ракометниот Клуб Младост 1977 АД Богданци во соработка до основните училишта во Богданци, Стојаково и Ѓавото од денес започна со презентација и демонстрација на основните елементи на ракометната игра која ќе трае две недели.
Во оваа презентација ќе бидат опфатени околу 500 дечиња на возраст од 8 до 12 години заради уписите во ракомет кои се во тек, каде од следната недела започнуваат со тренинг ракомет.
Презентацијата и демонстрацијата ја вршат тренерот на првиот тим и поранешен репрезетативец на Македонија, Митко Стоилов и спортскиот директор на клубот Никола Роглев, во кординација со професорите од основните училишта.



(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷