Младост од Богданци ги започна подготовките за вториот дел од сезоната

Екипата на Младост 1977 Богданци ги стартуваше подготовките за продолжението од сезоната 2022/20223 во Првата лига.

Тимот од Богданци обезбеди пласман во плеј-офот во Првата лига, и ќе атакува на Супер лига.

Подготовките ќе се одвиваат една недела во теретана и потоа во сала, каде ќе се одржуваат по два тренинзи на ден. Ростерот на тимот останува ист со едно засилување, а тоа е Душан Каркалашев.

После шест месеци се враќаат повредените играчи освен Давид Иванов, кој има посериозна повреда и за него сезоната е завршена.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести