Младост од Богданци супериорен против Овче Поле

Составот на Младост 1977 Богданци забележа победа против Овче Поле со високи 31-22 во Првата лига.

Домашната екипата на полувреме замина со предност од 13-11. Во второто полувреме Младост 1977 Богданци со добра игра успеа да ја зголеми разликата, па на крај да го совлада тимот на Овче Поле.

Најдобар стрелец во тимот на Младост 1977 Богданци беше Никола Роглев со десет гола, додека кај екипата на Овче Поле најефикасен беше Димитрија Крстев со седум гола.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.