Тимот на Младост 1977 Богданци беше подобар во дербито со Македонија Ѓорче Петров, откако славеше со резултат 23-22 во Првата лига.
Младост 1977 Богданци на полувреме имаше предност од два гола, 13-11. Во второто полувреме беше неизвесно и драматично, но тимот од Богданци успеа да триумфира против Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасен во тимот на Младост 1977 Богданци беше Антонио Николоски со 8 гола, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Мартин Димовски со 10 гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷