Ракометарите на Младост Богданци забележаа победа против екипата на Шампион со убедливи 31-15.
Младост Богданци имаше убедливо водство во текот на првото полувреме и на полувремето замина со 17-5. Второто полувреме беше формалност за составот на Младост Богданци да ја завери победата во Првата лига.
Најефикасен во екипата на Младост 1977 Богданци беше Илија Чрчев со шест погодоци, додека најефикасен во составот на Шампион беше Андреј Канг со шест погодоци.
Рк Младост 1977 Богданци 31-15 Рк Шампион
(фото-Рк Младост 1977 Богданци)📷