Екипата на Младост 1977 Богданци оствари триумф против Јехона со 41-32 во натпревар од Првата лига.
Младост 1977 Богданци од почетокот на натпреварот беше во водство, па на пауза замина со предност од 18-15. Во второто полувреме домашната екипа продолжи со водството, за на крај да слави триумф против Јехона.
Најефикасен во тимот на Младост 1977 Богданци беше Димитар Пеев со девет гола, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Мојсе Тасески со 14 гола.
(фото-Рк Младост 1977 Богданци)📷