Екипата на Младост 1977 Богданци со победа се враќа од гостувањето во Велес кај екипата на Бисинов Фруит Ленд, откако славеше со 29-26.
Двете екипи на полувреме заминаа со нерешен резултат од 13-13. Во второто полувреме тимот од Богданци го презеде водството, па на крај да слави кај Бисинов Фруит Ленд.
Најефикасен кај екипата на Младост 1977 Богданци беше Никола Роглев со 10 погодоци, додека кај екипата на Бисинов Фруит Ленд најефикасен беше Мартин Иванов со 13 погодоци.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷