Македонските интернационалки Моника Јанеска и Ивана Гакидова со тимот на Коњалти освоија сребро во финалето во Купот на Турција.
Во финалето екипата на Коњалти загуби од екипата на Кастамону со 34-30. Јанеска и Гакидова имаа по пет погодоци на натпреварот. Најефикасна во Кастамону беше Јованка Радичевиќ со седум погодоци и беше прогласена за МВП.



(фото – ЖРК Коњалти)📷