Екипата на Монпелје, која има високи амбиции во шампионатот на Франција потпиша нови четворица ракометари.
Станува збор за ракометарите Лео Плантен, Давид Балагер, Бенжамен Рише и Џек Турин, кои потпишаа договор до 2028 година.
Ракометарите Лео Плантен и Давид Балагер доаѓаат од редовите на ПСЖ, додека Бенжамен Рише доаѓа од Шамбери, а Џек Турин доаѓа од тимот на Алборг.

(фото – Рк Монпелје)📷