Лига на шампиони

Монпелје славеше против Елверум, Алборг го совлада Кил

Екипата на Монпелје славеше на домашен терен против екипата на Елверум со конечни 39-32.

Најефикасен во составот на Монпелје беше Уго Дескат со 11 погодоци, додека кај Елверум најефикасен беше Тобиас Грендл со седум погодоци.

Алборг триумфираше на домашен терен против екипата на Кил со 35-33. Најефикасен во екипата на Алборг беше Кристенсен со девет гола, додека кај Кил најефикасен беше Зарабец со пет погодоци.

Киелце вторпат славеше против Барселона, овој пат на домашен терен со конечни 29-27. Најдобар стрелец во Киелце беше Алекс Душебаев со седум голови, додека кај Барселона најдобар стрелец беше Арино со пет погодоци.

ППД Загреб конечно победи во Лигата на шампионите, совладан Мешков Брест со 31-24. Најефикасен кај Загреб беше Иван Чупиќ со осум погодоци, додека кај Мешков Брест најефикасен беше Јака Малуш со шест погодоци.

Резултати од 8. коло од Лигата на шампионите (мажи):

Монпелје 39-32 Елверум

Алборг 35-33 Кил

Киелце 29-27 Барселона

ППД Загреб 31-24 Мешков Брест

(фото-ЕХФ Лига на шампиони)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.