Лига на шампиони

Мотор Запорожје убедлив против Фленсбург, Алборг подобар од Пик Сегед

Екипата на Моторо Запорожје триумфираше на домашен терен против Фленсбург со убедливи 31-22. Најефикасен во составот на Мотор Запорожје беше Ајденас Маласинскас со девет погодоци, додека кај екипата на Фленсбург најефикасен беше Емил Јакобсен со осум погодоци.

Алборг славеше на домашен терен против унгарскиот Пик Сегед со 34-30. Најефикасен во екипата на Алборг беше Кристенсен со девет погодоци, додека кај екипата на Пик Сегед беше Банхиди со седум погодоци.

Резултати од 9. коло од Лигата на шампионите (мажи):

Мотор Запорожје 31-22 Фленсбург

Алборг 34-30 Пик Сегед

Елверум 32-33 Мешков Брест

Монпелје 24-23 ППД Загреб

(фото-ЕХФ Лига на шампиони)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести