Мохамед Ел Тајар се сели во германски Лајпциг

Голманот на репрезентацијата на Египет, Мохамед Ел Тајар кој беше поврзуван со трансфер во Вардар, својата кариера ја продолжува во Германија.

Мохамед Ел Тајар кој има 25 години потпиша договор со Лајпциг на една ипол година. Тој доаѓа од екипата на Ал Ахли.

„Многу сум среќен што отсега ќе играм во најсилната лига на светот и многу сум среќен што се префрлам во голем тим како Лајпциг и се приклучувам на овој амбициозен проект. Ова е остварување на сонот за мене и едвај чекам да работам колку што можам за да му помогнам на тимот да ги постигне своите цели за оваа и следната сезона. Би сакал да му се заблагодарам на Лајпциг за довербата што ја имаат во мене и исто така би сакал да им се заблагодарам на управата и навивачите на Ал Ахли што ми ја дадоа оваа одлична можност“, – вели новото засилување Мохамед Ел-Тајар.

(фото – Рк Лајпциг)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.