Мохамед Мамдух Шебиб е нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Кружниот напаѓач на египетската репрезентација, Мохамед Мамдух Шебиб, потпиша договор со првакот на Македонија, Еурофарм Пелистер за сезоната 2024/25 и следната сезона 2025/26.

Во Битола доаѓа роден победник и пивотмен со големо интернационално искуство. Шебиб во досегашниот тек на сезоната настапуваше во Кувајт, но во Европа јавноста го запозна како ракометар на Монпелје и Динамо Букурешт. 35-годишниот Шебиб има скоро 200 настапи за египетската репрезентација, за која настапува петнаесет години. Повеќекратниот шампион на Африка, освојуваше титули насекаде каде што настапуваше во своите клубови: во Египет, Франција, Романија, Катар.

Со Монпелје ја освои Лигата на шампионите во 2018 година, романското првенство и Куп со Динамо Букурешт, азиската Лига на шампиони, првенството и Купот на Катар со Ал-Џаиш, африканската Лига на шампиони, првенството и Купот на Египет со Замалек и уште многу, многу други трофеи.

Шебиб ќе биде регистриран за натпреварите на Еурофарм Пелистер во Супер лигата и Лигата на шампионите уште од оваа недела. Неговото претставување е предвидено во петок на 25 октомври.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *