Екипата на Еурофарм Пелистер за новата сезона донесе нов ракометар во своите редови.
Нов ракометар на битолскиот клуб е Мохамед Суси, лев бек на туниската репрезентација и тој доаѓа од екипата на Трембле, а има настапувано и за тимот на Монпелје.
“Рк Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека постигна целосен договор со тунискиот репрезентативец Мохамед Суси. До официјализација на трансферот недостигаат само медицинските прегледи кои ракометарот ќе ги реализира утре по пристигнувањето во Македонија. Клубот во текот на утрешниот ден ќе ги обелодени деталите од соработката со новиот свој член”, – изјавија од Еурофарм Пелистер.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷