Тинекс Пролет доведе уште едно квалитетно засилување во својот играчки ростер, откако го комплетираше трансферот на Мохамед Тарик Бакар.
Станува збор за туниски интернационалец кој доаѓа од редовите на Вардар 1961, откако го мина вториот дел од сезоната во таборот на „црвено-црните“. Тинекс Пролет беше во потрага за ангажман на нов десен бек, а Бакар ги поседува сите квалитети за да биде успешно засилување за тимот во новата натпреварувачка сезона.
Бакар веќе се приклучи на подготовките на Тинекс Пролет, ставајќи му се на располагање на тренерот Александар Јовиќ, при што новото засилување ќе има доволно време за адаптација до стартување на шампионатот на Македонија. Со ангажманот на Бакар се комплетира играчкиот ростер за новата сезона, во која цел на Тинекс Пролет е атак на место во плејофот.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷