МРТ ќе врши пренос за првиот натпревар меѓу Алкалоид и Хановер кој ќе се одигра во Германија

Екипата на Алкалоид ја започнува новата сезона со настап во квалификациите во Лигата на Европа.

Тимот на Алкалоид ќе игра против Хановер во квалификациите за Лигата на Европа. Првиот натпревар се игра во Германија (Хановер), во салата “Свис Лајф Хол”.

Вториот натпревар ќе се одигра во Скопје (Македонија), во салата “Автокоманда”, каде Алкалоид ќе биде домаќин.

Натпреварот меѓу Хановер и Алкалоид кој се игра на 31 август во недела со почеток од 17:00 часот ќе биде пренесуван на МРТ 1.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *