Кадетската екипата на Мулти Есенс беше подобра од Струга со 31-29 во финалето од Ф4 турнирот во кадетската машка лига, и е шампион на Македонија.
На полувреме Мулти Есенс имаше предност од 18-17. Во второто полувреме Струга парираше но не доволно за победа.
Во натпреварот за 3. место, односно за бронзен медал тимот на Еурофарм Пелистер го совлада Голден Арт со конечни 29-22.
Конечен пласман на Ф4 турнирот во кадетска машка лига:
1. Рк Мулти Есенс
2. Рк Струга
3. Рк Еурофарм Пелистер
4. Рк Голден Арт
(фото – Рк Мулти Есенс)📷