Екипата на Мулти Есенс го совлада тимот на Металург РА со резултат 30-25 во натпревар од 7. коло од плеј-офот во Првата лига, и стана шампион.
Тимот на Мулти Есенс од следната сезона ќе се натпреварува во Супер лигата, и има скор од 15 победи на 15 натпревари.
Екипата на Мулти Есенс во салата “Автокоманда” го доби шампионскиот пехар кој беше доделен од раководството на Ракометната федерација на Македонија.
(фото – Рк Мулти Есенс)📷