Екипата на Мулти Есенс е шампион во младинската лига во машка конкуренција, откако во финалето на Ф4 турнирот за младинци славеше против Еурофарм Пелистер со резултат 32-22.
Во натпреварот за трето место, односно за бронзата тимот на Бутел Скопје беше сигурен против Алкалоид со високи 37-30.
Во полуфиналето екипата на Мулти Есенс славеше против Бутел Скопје со 34-21, додека Еурофарм Пелистер триумфираше против Алкалоид со минимални 24-23.

(фото – Рк Мулти Есенс)📷