Екипата на Мулти Есенс оствари лесна победа против составот на Кичево 2020 со резултат 41-27 во Првата лига.
На полувреме Мулти Есенс имаше предност од 19-12. Во второто полувреме Мулти Есенс ја завери убедливата победа против Кичево 2020.
Најефикасен во тимот на Мулти Есенс беше Тодор Узунчев со седум гола, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Обрен Фичуроски исто така со седум гола.
(фото-Рк Мулти Есенс)📷