Мулти Есенс лесно се справи со Овче Поле

Екипата на Мулти Есенс забележа нова победа во Првата лига, откако на домашен терен славеше против Овче Поле со резултат 36-29.

Мулти Есенс добро го започна натпреварот, па до полувремето обезбеди предност од 19-16. Во второто полувреме екипата на Мулти Есенс продолжи со добрата игра, за на крај да го совлада тимот на Овче Поле.

Најефикасен кај екипата на Мулти Есенс беше Михајло Костовски со девет гола, додека кај екипата на Овче Поле најефикасен беше Стефан Коцевски со седум гола.

(фото – Рк Мулти Есенс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.