Мулти Есенс победнички против Текстилец

Екипата на Мулти Есенс забележа лесна победа против тимот на Текстилец со резултат 38-18 во Првата лига.

Ракометарите на Мулти Есенс на полувреме имаа предност од 19-12. Во второто полувреме Мулти Есенс ја завери убедливата победа против Текстилец.

Најефикасен во тимот на Мулти Есенс беше Димитар Узунчев со осум погодоци, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Бобан Димитријев со четири погодоци.

(фото – Рк Мулти Есенс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.