Ракометарите на Мулти Есенс забележаа победа против Јехона со конечен резултат 36-22 во 1. коло од Првата лига.
Тимот на Мулти Есенс од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па на крај триумфираше против Јехона.
Најефикасен во редовите на Мулти Есенс беше Александар Стојков со десет гола, додека кај Јехона најефикасен беше Бојан Давидоски со пет гола.
(фото – Рк Мулти Есенс)📷