Мулти Есенс подобар од Вардар Неготино

Екипата на Мулти Есенс забележа победа на домашен терен против екипата на Вардар Неготино со конечни 34-29 во Првата лига.

Тимот на Мулти Есенс и на полувреме имаше водство од 16-15, па во второто полувреме продолжи со водството за на крај да го совлада Вардар Неготино.

Најефикасен во редовите на Мулти Есенс беше Бобан Поповски со десет гола, додека кај Вардар Неготино најефикасен беше Мице Шилегов со девет гола.

(фото – Рк Мулти Есенс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *