Екипата на Мулти Есенс забележа висока победа на гостувањето во Струмица кај екипата на Астраион со конечни 30-22.
Мулти Есенс од почетокот на натпреварот имаше предност, па до крајот на натпреварот немаше проблеми околу победата против Астраион.
Најефикасен во тимот на Мулти Есенс беше Дарин Омерагиќ со девет гола, додека кај екипата на Астраион најефикасен беше Марко Стојанов со пет гола.
(фото – Рк Мулти Есенс)📷