Екипата на Мулти Есенс забележа победа на гостувањето кај екипата на Младост Богданци со минимални 31-30 во 1. коло од плеј-офот од Првата лига.
Иако во првото полувреме Младост Богданци имаше водство, сепак во второто полувреме беше неизвесно, но Мулти Есенс се избори за победа во Богданци.
Најефикасен во редовите на Мулти Есенс беше Бобан Поповски со седум гола, додека кај Младост Богданци најефикасен беше Антонио Николоски со десет гола.
(фото – Рк Мулти Есенс)📷