Екипата на Мулти Есенс забележа победа против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со 32-28 во плеј-аутот од Супер лигата.
Тимот на Мулти Есенс и на пауза имаше предност од 17-15. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Мулти Есенс, па на крај да се радува на триумф против Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасни во тимот на Мулти Есенс беа Божидар Илиески и Михајло Костовски со по седум гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Богдан Мијушковиќ со шест гола.
(фото – Рк Мулти Есенс)📷