Екипата на Мулти Есенс забележа победа на гостувањето кај екипата на Драчево со резултат 31-28 во плеј-офот од Првата лига.
На полувреме Мулти Есенс имаше водство од минимални 20-19. Во второто полувреме Драчево парираше, но сепак тимот на Мулти Есенс прослави победа.
Најефикасен во редовите на Мулти Есенс беше Марко Каракалашев со осум гола, додека кај екипата на Драчево најефикасен беше Димитар Петковски со седум гола.
(фото – Рк Мулти Есенс)📷








