Екипата на Мулти Есенс стигна до нова победа во Првата лига, откако на домашен терен го совлада Овче Поле со високи 45-23.
Составот на Мулти Есенс на полувреме имаше високи 22-9. Во второто полувреме Мулти Есенс ја завери високата победа против Овче Поле.
Најефикасен во редовите на Мулти Есенс беше Јулијан Матески со девет гола, додека кај Овче Поле најефикасни беа Андреј Игњатов и Кристијан Коцевски со по пет гола.
(фото – Рк Мулти Есенс)📷








