Мулти Есенс сигурен против тимот на Овче Поле

Екипата на Мулти Есенс забележа победа на домашен терен против тимот на Овче Поле со високи 38-25 во Првата лига.

Составот на Мулти Есенс во текот на целиот натпревар доминираше на теренот, па така немаше проблеми против тимот на Овче Поле.

Најефикасни во редовите на Мулти Есенс беа Марко Каракалашев, Бобан Поповски и Христијан Гурмешевиќ со по шест гола, додека кај Овче Поле најефикасен беше Кристијан Стаменков со 12 гола.

(фото – Рк Мулти Есенс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *