Мулти Есенс со висока победа против Астраион

Екипата на Мулти Есенс забележа висока победа против Астраион со конечен резултат 52-25 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.

Мулти Есенс уште на полувреме обезбеди висока предност од 24-9, па така второто полувреме беше само формалност да биде заверена победата против Астраион.

Најефикасен во тимот на Мулти Есенс беше Валентин Карасманакис со седум гола, додека кај екипата на Астраион најефикасен беше Васе Наков со девет гола.

(фото – Рк Мулти Есенс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести