Екипата на Мулти Есенс забележа победа против екипата на Вардар Неготино со конечни 32-22 во плеј-офот од Првата лига.
Составот на Мулти Есенс имаше добра игра во текот на целиот натпревар, па на крај да го совлада Вардар Неготино.
Најефикасен во редовите на Мулти Есенс беше Марко Каракалашев со десет гола, додека кај Вардар Неготино најефикасен беше Драган Кузманов со седум гола.
(фото – Рк Мулти Есенс)📷