Екипата на Мулти Есенс триумфираше во дерби натпреварот против Аеродром со резултат 28-26 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.
Мулти Есенс на пауза имаше предност од 14-12. Во второто полувреме беше израмнет натпревар, но на крај подобар беше тимот на Мулти Есенс.
Најдобар стрелец во тимот на Мулти Есенс беше Олег Јорданов со девет гола, додека кај екипата на Аеродром најдобри стрелци беа Филип Пајкоски, Стефан Бошковски, Иван Митревски и Виктор Трифуноски со по четири гола.
(фото – Рк Мулти Есенс)📷