Екипата на Мулти Есенс забележа победа против екипата на Аеродром со високи 40-26 во натпревар од Првата лига.
Составот на Мулти Есенс уште на полувреме имаше висока разлика од 22-13, па така во второто полувреме ја зголеми предноста, за на крај да го совлада Аеродром.
Најефикасен кај екипата на Мулти Есенс беше Александар Стојков со девет гола, додека кај Аеродром најефикасен беше Александар Ристовски со осум гола.
(фото – Рк Мулти Есенс)📷