Екипата на Мулти Есенс забележа победа против екипата на Скопје 2020 со високи 33-23 во плеј-офот од Првата лига.
Составот на Мулти Есенс во текот на целиот натпревар имаше водство, па на крај да го совлада Скопје 2020.
Најефикасен во редовите на Мулти Есенс беше Христијан Ѓурмешевиќ со осум гола, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасни беа Андреј Јанев и Дион Земон со по пет гола.
(фото – Рк Мулти Есенс)📷