Екипата на Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објави дека навивачите и подржувачите на овој клуб ќе добијат сертификат за верност и поддршка кон клубот.
Сертификатите за верност и поддршка кон клубот сите навивачи и подржувачи ќе можат да ги подигнат во канцеларијата на клубот.
“Почитувани љубители на ракометот, подржувачи на Еурофарм Пелистер.
Согласно на ветеното, нашите најверни приврзаници со сезонски билет за сезоната 2023/24, ќе добијат сертификат за верност и поддршка кон клубот за сезоната 2023/24. Сертификатите верните поддржувачи на клубот кои во изминатата сезона имаа сезонски билет ќе можат да ги подигнат во канцеларијата на клубот УТРЕ (11.07.2024), петок (12.07.2024), сабота (13.07.2024) и понеделник (15.07.2024) од 15:00 до 18:00 часот. Доколку некој од фановите е оневозможен да го подигне сертификатот од клубот, ве молиме испратете ваши податоци и адреса на маил адресата на клубот.
Спортски поздрав”, – стои во соопштението на Рк Еурофарм Пелистер.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷