Навивачката група “Лозари” се враќа во сала и ќе биде голема поддршка за Тиквеш во плеј-офот

Навивачката група “Лозари” се враќа во сала, и ќе му биде поддршка на Тиквеш за плеј-офот во Супер лигата.

Навивачката група на социјалните мрежи преку официјално соопштение го потврди враќањето во сала.

“Неизмерна е радоста што по долги години повторно ќе бидеме осми играч на ракометарите на ГРК Тиквеш. По годините во кои ракометот беше сечиј и ничиј, дојде време за враќање во спортските сали. До крајот на сезоната ќе бидеме поддршката и мотивацијата на нашите ракометари кои имаат високи цели и ќе ги бодриме на сите домашни натпревари и гостински натпревари каде што има домашни навивачи”, – стои во соопштението.

(фото – Лозари Исток Кавадарци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.