Навивачката група “Рибари” на социјалните мрежи објави дека официјално се враќа во салата “Билјанини Извори”, и ќе им даде поддршка на ракометарите на Охрид.
“По долги дебати меѓу членството и по согледувањето на сите околности НГ РИБАРИ официјално објавува дека се ВРАЌА на натпреварите на ГРК ОХРИД. Многу беше болно да се гледа како клубот губи ради нашето отсуство! А тоа е клубот на кого му ја дадовме младоста…. И се враќаме само поради ОХРИД! Читајте добро само поради ОХРИД не поради Горан Андоновски! Борбата ја продолжуваме со наше масовно присуство во сала!” – стои во соопштението од навивачката група “Рибари”.
Навивачката група “Рибари” најавија спектакал на првиот натпревар во плеј-офот помеѓу Охрид и Вардар 1961, кој ќе се одигра во СЦ “Билјанини Извори” на 18 феверуари.
(фото – Рибари Охрид Официјален Профил)📷