Екипата на Охрид на стартот од разигрувањето за шампионската титула и местата кои водат во Европа гостува во Скопје, кај Бутел Скопје.
Екипата е фокусирана на мечот кој ќе биде голем тест за можностите на „Гладијаторите“ кои на гостувањето на жешкиот терен во Бутел ќе ја имаат поддршката од навивачката група „Рибари“ која се мобилизира за гостувањето во Скопје.
Натпреварот помеѓу Бутел и Охрид се игра на 10 февруари, сабота, со почеток во 18 часот во Скопје.
(фото – ГРК Охрид)📷