Екипата на Нант каде настапува Кире Лазаров со пласира во финалето во Лига Купот на Франција, откако во полуфиналето Нант го совлада тимот на Шартр со 30-33.
Најефикасен во екипата на Нант беше Валеро Ривера со седум гола, додека кај екипата на Шартр најефикасен беше Трибилон со шест погодоци. Кире Лазаров на овој натпревар не настапи поради повреда.
Противник на Нант во финалето ќе биде поуспешниот од натпреварот помеѓу екипите на ПСЖ и Тулуз.
(фото-Рк Нант)📷