Репрезентативката на Шведска, Натали Хагман во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик.
Хагман, која има 31 година, во следната сезона ќе го носи дресот на Рамницу Валчеа од Романија. Таа потпиша договор до 2025 година.
Шведската ракометарка настапува за екипата на Нант, а претходно настапуваше и за екипите на Оденсе, ЦСМ Букурешт, Холстебро и Луги.
(фото – ЖРК Рамницу Валчеа)📷