Женскиот ракометен клуб на Куманово за новата сезона задржа две ракометарки во составот.
Станува збор за Наташа Нолевска која настапува на позицијата десно крило и со тимот на Куманово го продолжи договорот на уште една сезона.
Договорот на една сезона го продолжи и Пена Граматова која настапува на позицијата лево крило.
(фото-ЖРК Куманово)📷