Ракометната Федерација на Македонија на социјалните мрежи соопшти дека натпреварот меѓу Македонија и Грција нема да се одигра.
Причина за ваквата одлука е вирусна инфекција која зафати дел од ракометарките на грчкиот национален тим, па така Македонија натпреварот го добива со службени 10-0.
“Ракометната Федерација на Македонија ја информира спортската јавност дека женската ракометна репрезентација на Грција нема да го продолжи своето учество на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“. Причина за ваквата одлука е вирусна инфекција која зафати дел од ракометарките на грчкиот национален тим. Македонската ракометна федерација им посакува брзо закрепнување на ракометарките од Грција, и упатува искрена благодарност за нивното учество и придонес кон турнирот”, – објавија од РФМ на социјалните мрежи.
(фото – РФМ)📷