Натпреварот меѓу екипите на Мулти Есенс и Партизан Гевгелија во рамките од 10. коло од Првата лига не се одигра.
Овој натпревар не се одигра поради тоа што екипата на Партизан Гевгелија немаше доволно ракометари според пропозициите – 12 ракометари.
Екипата на Мулти Есенс ќе го добие службено овој натпревар, додека на Партизан Гевгелија ќе му се одземе еден бод од бодовното салдо.
(фото – Рк Мулти Есенс)📷








