Екипата на Охрид ја очекува натпревар на домашен терен против екипата на Бутел Скопје во плеј-офот од Супер лигата.
Ракометарот на Охрид, Наум Костов изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против Бутел Скопје.
“Во петок ни доаѓа екипата на Бутел, една млада екипа која многу трча и игра модерен ракомет. Сметам дека мора максимално да влеземе фокусирани од почетокот на натпреварот и да славиме победа пред домашната публика и Рибарите”, – изјави ракометарот на Охрид, Наум Костов.

(фото – ГРК Охрид)📷