Екипата на Куманово, која во пролетниот дел ќе игра во плеј-аутот од Супер лигата се засили со нов ракометар.
Станува збор за Наум Костов, кој доаѓа од редовите на Аеродром. Наум Костов е перспективен 23-годишен ракометар висок 175цм кој потекнува од Охрид и е поранешен младински репрезентативец кој има настапувано за екипите на Охрид и Аеродром.


(фото – МРК Куманово)📷