Екипата на Охрид се засили со десното крило Наум Костов за следната сезона. Охриѓанецот стави потпис за сезоната 2024/2025.
23-годишното десно крило се враќа во Охрид по сезона и пол помината во Аеродром и Куманово каде што прикажа одлични игри и беше лидер во овие тимови, а беше и избран за МВП на колото во повеќе наврати.
“Со задоволство го прифатив повикот од тренерот и управата да бидам дел од клубот. Охрид е мој матичен клуб, каде започнав да играм ракомет и ги поминав сите младински категории, па така знам какво задоволство претставува да се игра пред домашната публика и Рибари. Се надевам на добра и успешна сезона”, – изјави Наум Костов.

(фото – ГРК Охрид)📷