Викендов екипата на Охрид на свој терен ја пречекува екипата на Куманово во натпревар од Супер лигата.
Своја изјава за овој натпревар имаше и ракометарот на Охрид, Наум Костов, кој изјави дека против Куманово очекува нова победа во Супер лигата.
“Иако е дебитант, екипата на Куманово покажува дека може да игра квалитетен ракомет и да се носи со секој противник. Без разлика на несреќниот исход од натпреварот со Алкалоид, во мечот со Куманово влегуваме со ладни глави и ќе дадеме максимум да стигнеме до нова победа. Се надевам дека ќе ја повториме играта од првиот меч со Куманово и со поддршка на охридската публика ќе славиме”, – изјави Наум Костов.

(фото – ГРК Охрид)📷