Екипата на Охрид, во натпревар од 5. коло од Супер лигата ја очекува натпревар против Струга на гостински терен.
Тимот на Охрид и гостува на Струга во меч во кој императив за “гладијаторите” се трите бода. За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Наум Костов.
“Свесни сме колку езерското дерби е посебно за нас како клуб и колку пати се играло со неизвесност до самиот крај. Се надевам дека ќе го задржиме пристапот од минатиот меч кој се одигра викендов, без разлика што имаме помалку време за спремање”, – изјави ракометарот на Охрид, Наум Костов.
(фото – ГРК Охрид)📷