Наум Танески е нов селектор на машката кадетска репрезентација, Миле Бочкаровски во стручниот штаб

Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) назначи нов селектор на машката кадетска репрезентација.

Станува збор за тренерот на Струга, Наум Танески додека негов помошник ќе биде Миле Бочкаровски од Мулти Есенс.

Почитувани,

Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35 од Статутот на РФМ, односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации, Управниот Одбор на Ракометна Федерација на Македонија донесе Одлука за именување на г-дин Наум Танески за тренер/селектор на машката кадетска репрезентација, а за помошник тренер е именуван г-дин Миле Бочкаровски.

Кадетската машка репрезентација ќе учествува на квалификациски турнир кој ќе се одржува во периодот 04.01.2024 – 08.01.2024 година. На турнирот ќе учествуваат и националните селекции на Косово, Швајцарија и Словачка од кои најдобрите 2 селекции ќе обезебедат пласман на EHF EURO M18 (2024) во Црна Гора.

Организатор на групата за квалификацискиот турнир е РФМ, натпреварите ќе се одигруваат во Скопје, спортскиот центар „Автокоманда“, а во пресрет на подготвителниот период машката кадетска репрезентација ќе учествува и на турнирот „Трофеј Карпати“ кој ќе се одржи во Плоешти, Романија во период од 25ти до 29ти Октомври 2023, каде ќе учествуваат и националните кадетски селекции на Египет, Црна Гора и Романија.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести